Од куќен, поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи, ќе одат во затворски притвор од 30 дена, информираше денеска Апелациониот суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи
Од Судот соопштија дека е прифатена жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за куќниот притвор кој претходно им го одреди Основниот кривичен суд Скопје.
Васев е обвинет во два предмети за овој случај, познат во јавноста како “Онкологија“. Во првиот за злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти, а во вториот заедно со Нухи се обвинети за проневера и измама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одобрено обвинението за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“
Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“
Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија“