Утврден идентитетот на лицето пронајдено во водите на Охридско Езеро во центарот на градот

Охридската полиција го соопшти идентитетот на лицето, чие што безживотно тело беше извлечено од водите на Охридско Езеро, во центарот на градот.

„На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул.„Кеј Македонија“, во водите на Охридското Езеро бил пронајден B.J. (74) од Англија, кој не давал знаци на живот.

Лицето било извадено на кејот, а од екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство,“ информираше Секторот за внатрешни работи Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безживотно тело пронајдено пред плажа на Градскиот кеј на Охридско Езеро

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести