Галеб АД Охрид лани остварил вкупни приходи од 241.700.113 денари, соопшти друштвото за внатрешен и меѓународен транспорт, туристички услуги и сервисирање, преку Македонската берза.
Добивката од редовно работење пред оданочување на Друштвото изнесува 38.038.050 денари, а нето добивката 34.125.683 денари.