„Со книга на плжа“, „Читај каде и да си“: Книжарниците со летни акции и попусти на книги

Под мотото „Читај каде и да си!”, „Литература.мк” ја почнува летната продажна акција со попусти до 50% на внимателно селектирани изданија. Акцијата ќе трае од 20 до 30 јуни 2025 година, во сите книжарници на „Литература.мк” (на ул. „Македонија”, во „Скопје сити мол”, „Ист гејт мол”, „Дајмонд мол”, ТЦ „Буњаковец”, Битола и Струмица), како и онлајн на www.literatura.mk.

Во акциската понуда се вклучени популарни наслови – романси, трилери и историска фикција – во издание на „Арс Ламина” и „Сакам книги”.

Избрани наслови од „Арс Ламина” се со попуст до 50%, а меѓу нив се вклучени бестселери како: „Градината на Олеандрите”, „Малибу во пламен”, „Кери Сото се врати”, „Станот во Париз”, „Семејни тајни”, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер”, „Три желби”, „Писатели и љубовници”, „Последната годишнина”, „Едно лето во Италија”, „Лејла”, „Мојата Пепелашка”, „Совршенство”, „Изгубена надеж”, „Без Мерит”,  „Исповеди”, „Безнадежно”, „Само ова лето”, „Лето како во Мама Миа” и „Еднаш засекогаш”.

Книгите од „Сакам книги” се со попуст од 30%, од нив ги издвојуваме: „Верити”, „Само пријатели”, „Можеби никогаш”, „Можеби сега”, „Фустанот и светец”, „Предоцна”, „Тунел”, „Девојчето во снегот”, „Балот на лудите жени”, „Бессони во Менхетн”, „Чуварот на крокодили”, „Беспрекорно”, „Враќање”, „Ослободување” и „Добра и лоша”.

Време е за нова книга и нова летна приказна. Изберете наслов што ќе го направи ова лето незаборавно – каде и да сте.

Целата понуда можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

И „Матица македонска“ од понеделник започнува со традиционалната акција „Со книга на плажа“, во рамките на која над 3.000 наслови ќе бидат овозможени со попуст до 70%, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. 

„Мисијата за афирмација и попуаризација на книгите на македонски јазик кај читателите не запира, а оваа акција овозможува и во летните месеци, кога семејствата се изложени на поголеми трошоци да можат да си овозможат книгата постојано да е дел од нивното секојдневје. Не само како подарок, туку како задоволување и на личната потреба да се чита и да се живее со литературата.

Оваа година, за акцијата „Со книга на плажа“, „Матица македонска“ има направено голем избор од илјадниците автори, книги и приказни за сечиј вкус – најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија ќе бидат овозможени во книжарницата на „Матица македонска“,“ велат од „Матица македонска“.

Акцијата „Со книга на плажа“ ќе трае до 20 август. Оваа повеќемесечна акција ќе се одржи по 26.пат и има најголема традиција меѓу акциите што ги организираат актуелните македонски издавачи.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести