Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај, информираше денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.
По неодамнешниот увид во градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, истакна дека истите се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба.
Планирано е до почетокот на сезоната да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште.
Предвидено е автопатот да се заврши до крајот на 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледа моментално автопатот Охрид-Кичево
(Видео) Како изгледа обновениот пат од Охрид до Св. Наум
Фото: Фејсбук/Николоски