Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемува за 1,5 денар, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 1 денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука Еуросупер БС-95 од утре ќе се продава за 77,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 79,50 денари по литар, а дизелот за 73 денари по литар.
Се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 2 денари и истото сега ќе се продава за 72 денари по литар, како и на Мазутот М-1 НС, чија цена сега ќе изнесува 41,687 денари за килограм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа
Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте
Фото: Унсплеш