Денеска, откако претходно на 4. јуни беше одложено гласањето за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц, истиот повторно е пред европратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Одложувањето се случи поради амандманите на неколку европратеници во истиот да биде споменато признавањето на македонскиот идентитет и јазик, на што бурно реагираа бугарските европратеници, кои дури и го нападнаа Вајц, но и еврокомесарката за проширување, Словенката Марта Кос, за пристрасност кон Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештајот нема меѓународна правно обврзувачка природа, но дополнително ги вжешти односите помеѓу Македонија и Бугарија.
Нема да биде изненадување или преседан ако истиот не помине.
За Извештајот треба да се гласа во јули, ако ја помине оваа фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен
Фото: Игор Бансколиев