Српските медиуми пренесуваат дека изминатиов петок на плажа во Неа Врасна во Грција, Саша Костиќ, медицински техничар од Србија, спасил четиригодишно девојче од Македонија, Ирина.
Костиќ приметил дека девојчето се онесвестило и отишол да помогне, а на помош дошла и докторка од Клиниката за инфективни болести, Душка Стојановиќ.
-Видовме дека детето е во сериозна животна ситуација, нè делеа секунди. Веднаш почнавме со реанимација. Забележавме дека мускулите на вилицата ѝ се во грч, помисливме дека има напад или нешто слично и веднаш почнавме со реанимација. Траеше околу две добри минути.
Успеавме да ги отвориме дишните патишта, да воспоставиме отчукувања на срцето и девојчето оживеа, раскажува тој за српската телевизија Прва, додавајќи дека спречиле појава на хипотермија, а и го одржувале и кислородот во белите дробови додека да пристигне итната медицинска помош.
Девојчето било пренесено во болница и е стабилно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млад Србин спасил постар Македонец да не се удави во Олимпик Бич
77-годишна жена од Македонија се удавила на плажата Метаморфози во Ситонија
Фото: Унсплеш/видео: ТВ Прва