Владата денеска го усвоила Предлог законот за соодветна и правична застапеност, информираше на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски.
Истиот пред да биде испратен за гласање во македонското Собрание ќе биде пратен на разгледување до Венецијанската комисија.
-Овој Предлог закон го доставуваме на разгледување до Венецијанската комисија затоа што сакаме највисоки стандарди и целосна усогласеност со европските вредности. Законот ќе биде доставен до Собранието, откако ќе го добиеме мислењето на Венецијанската комисија, посочи Мицкоски.