Сите видоа дека не станува збор само за неколку стотини Бугари во Уставот: Мицкоски за Извештајот на ЕП за Македонија

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска оцени дека е добро што Извештајот за Македонија на Европскиот парламент (ЕП) поминал на Комисијата за надворешни работи на ЕП, но не е сигурен дали тоа ќе се случи и на Пленарната седница на ЕП која треба да се одржи следниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“

Посочи дека целиот овој процес покажа дека европскиот пат на Македонија не е закочен поради условот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, туку поради македонскиот идентитет и јазик.

-Македонската и европска јавност видоа дека не е така. Дека во 21 век во Европа ние сè уште се бориме за идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик, рече тој подвлекувајќи дека сите видоа дека не станува збор за “внесување на неколку стотини Бугари во Устав, дека подлабока е болката, дека е децениска, дека е вековна“.

-Ние ќе бориме, дали ќе успееме, не знам. Во прв чекор успеавме, не знам дали ќе успееме, но граѓаните видоа со што се соочуваме и која е главната тема. Тоа беше суштината, рече тој, потенцирајќи дека во периодот што следи ќе има и други амандмани за овој Извештај.

Прашан дали во ВМРО-ДПМНЕ, која е членка на групата Европска народна партија (ЕПП), од каде дојде амандманот пред македонски јазик да стои додавката „модерен“ (кој не помина), а за кој дале подршка и групите на Социјалдемократите, Либералите и Зелените, очекувале вакво нешто одговори позитивно, наведувајќи дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е дел од ЕПП.

Најави и дека ова прашање ќе се покрене и на Самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Хаг, Холандија, како и на сите други сесии на Алијансата.

-Дали некоја земја членка во НАТО-алијансата попречува некоја друга во интеграцијата и со тоа ја нарушува безбедноста во регионот? И тоа прашање треба да се одговори, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести