УХМР со предупредување: Попладне можна појава на невреме со засилен ветер и појава на град

Денеска претпладне ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните.

Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести