Просечната бруто-плата во ИКТ секторот лани била 2.376 евра

Просечната месечна бруто-плата во секторот за информатички и комуникациски технологии (ИКТ) лани била 2.376 евра, покажува анализата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Анализата покажува дека вкупно за плати и надоместоци лани се исплатени над 314 милиони евра, 18% повеќе од претходната година, а во 2024 година имало и раст на инвестиции во „нематеријални“ бенефиции – бонуси, обуки, патувања, осигурување, со вкупен износ од 32 милиони евра.

Лани овој сектор генерирал 1,65 милијарди евра приход, раст од 12,5% во однос на претходната година.

Бројот на вработени во ИКТ секторот се зголемил на речиси 24.000 лица.

Целата анализа ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести