Ќе може ли Македонија да троши 5% од БДП за безбедност, што вели Муцунски

На Самитот на НАТО во Хаг, Холандија, кој се одржа пред неколку дена, сите земји членки на Алијансата, меѓу кои и Македонија се согласија да ги зголемат своите трошоци за безбедност од постоечките 2% на 5% од бруто-домашниот производ (БДП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите членки на НАТО, меѓу кои и Македонија, се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП

Македонија моментално троши 2,2% од БДП.

Според одлуката на Самитот, 3,5% од овие 5% треба да одат за основни потреби за одбрана, а остатокот за инфраструктура, како и за одбрана од хибридни и кибернетички напади.

За тоа дали Македонија може да си го дозволи овој трошок вчера на прес-конференција беше прашан министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Тие 5% се за никогаш да не мора да потрошиме 40%. Се работи за историска, дури генерациска одлука за стабилност во НАТО-чадорот во кој припаѓаме. Идните генерации ќе мора да ја спроведат оваа одлука, не само сегашната влада и сегашниот состав на министерството за одбрана, одговори тој меѓудругото на прашањето.

Во вкупните македонски трошоци, како што објасни тој, ќе влезат и клучни проекти во индустријата во Македонија, но и во инфраструктурата како Коридорите 8 и 10.

– Тука е и сајбербезбедноста. Во изминатиот период често бевме мета на ваков тип напади. Исто така, тука се стартапите кои ќе имаат пристап до НАТО-фондовите. Нам ни фали индустриска база, наменска опрема. Зависници сме од светската автоиндустрија која доживува турбулентни времиња. Наместо тоа, зошто да не привлечеме инвеститори во наменската индустрија за овој сектор?, подвлече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Со кој се сè сретна Сиљановска Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

(Фото) Сиљановска Давкова на маса со Зеленски на приемот кај кралот и кралицата на Холандија

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести