Голем интерес за македонските автори во „Матица македонска“

Акцијата „Со книга на плажа“ на „Матица македонска“ е во полн ек. Само десет дена откако по 26. пат почна оваа традиционална акција, податоците говорат дека македонските читатели и ова лето имаат сѐ поголем интерес за нови книги на македонски јазик, информираат од Матица македонска.

„Особено радува што е голем интересот за книгите од македонските автори, вклучително и за најновите изданија на „Матица македонска“. Со ова, мисијата на клубот „Матица“ продолжува да се остварува – популаризација на македонската книжевност, но и поголем интерес за книгата во Македонија воопшто.

Над 3.000 наслови се овозможени со голем попуст, а меѓу нив покрај македонските се и најбараните и најчитани странски книги и автори во превод на македонски јазик. Акцент е ставен на книгите од македонските автори, а со акцијата „Со книга на плажа“, и оваа година, „Матица македонска“ има направено голем избор од илјадниците автори од светот – романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија.

Дури во 2000 година, книгите на македонски јазик биле застапени со само 7% од вкупната продажба, во одреден период, веќе се успеа македонската продукција да биде  застапена со огромни 83%, и во исто време бројот на читатели-членови на „Клуб Матица“ да покажува дека читателската публика е зголемена и за повеќе од 40 пати,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Со книга на плажа“, „Читај каде и да си“: Книжарниците со летни акции и попусти на книги

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести