Силувани две малолетни сестри во тетовско: Ги снимиле со мобилен, едната ја принудувале и на секс со други лица

На 02.07.2025 во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е. (18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз неговите две малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести