Фондот за здравствено осигурување има поголем број на осигуреници од број на жители. Вкупниот број на осигуреници во здравственото осигурување надминува еден милион и 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители на Македонија според последниот попис.
Оваа состојба, според директорот на Фондот, Сашо Клековски, најверојатно се должи на тоа што меѓу осигурениците има македонски граѓани кои престојуваат во странство, а кои не се одјавиле од државата и продолжуваат да користат здравствено осигурување.
„Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае, бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници“, рече денеска Клековски, кој не ја исклучува можноста дека има и фиктивни осигуреници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработените во јавните институции, рекордери во земања боледувања