Вчера во Кочани се одржа нов „Марш на ангелите“ на кој учествуваа родители на загинатите и повредените во пожарот, нивни пријатели и граѓани.
Маршот помина во молк, а родителите порачаа дека ќе молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Основното јавно обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка.
Маршот го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“.
Фото: Архива/Игор Бансколиев