Фестивалот на отворено „Ја сакам Плачковица 2025“ по 21. пат ќе се одржи во планинарскиот дом Вртешка на Плачковица на 12. јули.
Организаторите – планинарското друштво Лисец, Општина Штип и Штипско културно лето ветуваат многу забава под отворено небо, дружење и спортување.
Во рамките на програмата предвидена е во 9 часот, планинарска акција до врвот Црквиште (1.693 мнв), црквата Св.Спиридон, врвот Туртел (1.607 мнв) по одбележана патека во должина од 14 км, 4-5 часа.
Потоа кањонинг на Вртешка река со почеток во 9 часот, лесна кружна патека полна со возбуда. Спелеолошко-планинарска акција со почеток во 16 часот, посета и разгледување на преубавата пештера „Ќуп“.
Open day качување на вештачката карпа за почетници и авантуристи со почеток во 17 часот.
По завршувањето на спортските активности, забавата во планинарскиот дом Вртешка ќе започне во 20.30 часот, а ќе настапат Горан Таневски/Мизар, Троја, DJ Flooder.
За подетални информации и за пријава за учество на акциите ОВДЕ.
Фото: еМагазин.мк