Видео на кое се гледа како дете е врзано со јаже околу вратот и рацете, а возрасен маж бара од него да признае наводна кражба на пари се рашири по социјалните мрежи синоќа, по што беше откриено дека неофицијално станува збор за татко и ќерка од струмичко село, неофицијално Ново Село.
Засега нема официјална потврда за овие информации, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека Секторот за внатрешни работи Струмица го лоцирала и идентификувала мажот.
За него ќе биде поднесена кривична пријава за насилство врз дете, а детето е згрижено од неговата мајка.
Видео: Фејсбук/Методи Донски/Скопје 1/фото: Унсплеш