Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа по состанокот на Кризниот штаб во Владата изјави дека има докази дека дел од пожарите кои беснеат деновиве низ Македонија, се намерно подметнати и распламтени.
Не сподели повеќе детали, за како што рече, да не ја загрози предистрагата, а за него е и пресимптоматично што штом еден пожар ќе бил изгаснат, се појавувал друг, па трет…
-Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од случајност… Од страна на МВР сум информиран дека се сомневаат оти станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија, рече тој меѓудругото.
Дека некои пожари се намерно предизвикани пред неколку денови предупреди и првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој подметна пожар кај Блаце?
Денеска активни девет пожари, еве каде се
Фото: Влада