Приведени пет лица за пожарите

Последниве неколку денови Министерството за внатрешни работи приведе пет лица за пожарите.

Вчера се приведени две лица, откако полициски службеници на патот помеѓу Кадино и Миладиновци забележале црн дим, а на местото ги затекнале лицата со запалени кабли во близина на дива депонија и сува трева. Пожарот бил спречен да се прошири и е изгаснат, а се приведени И.Б. (39) од Куманово и А.Б.(31).

Завчера пак во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што тие беа приведени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има докази дека се намерно подметнати дел од пожарите, вели министерот Тошковски

(Видео) Кој подметна пожар кај Блаце?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести