49-годишен возач, удрил во 25 годишна девојка во населбата „Даме Груев“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 11.07.2025 во 18:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Геге, скопско настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од З.А. (49) од Скопје и пешакот С.Ј.(25), која е префрлена во КЦ Мајка Тереза за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава“, велат од МВР.
Фото: Unsplash