Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Г.П.(47) од село Еловец, општина Чашка, поранешен градоначалник на општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.
Во периодот од 2009 година до 2017 година пријавениот, со пропуштање на должен надзор врз работата на вработените, овозможил да се појави кусок на опремата за симултан превод која била предмет на договор за донација од ЗЕЛС и Швајцарска агенција за соработка и развој. Ваквата состојба била констатирано на 23.11.2017 година од пописната комисија од општината. При приемот на опремата не задолжил работник за чување и одржување на донираната опрема, со што на општина Чашка и била нанесена штета во висина од 1.000 евра во денарска противвредност.