(Фото) 3.000 луѓе го следеа јубилејниот концерт на битолската група „Инструментал Бенд“

Музичката група „Инструментал бенд“ со богата музичка програма одбележа 20 години постоење на сцената на Хераклеа во Битола.

Под отворено небо 3.000 луѓе во еден глас ги пееја најголемите домашни и регионални хитови, а свои настапи имаа и музичките ѕвезди Ѓоко Јовиќ, Анета Љумаковска, Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков, Димитар Андоновски и композиторот Николче Мицевски.

„Неколку месеци активно го подготвувавме концертот и се потрудивме гостите максимално да уживаат. Постоиме 20 години, се менуваме и адаптираме на новите трендови и времиња, но остануваме секогаш достојни на себе. Кога е музиката во прашање, не дозволуваме никакви импровизации, само посветена и темелна работа, затоа успеваме да опстоиме толку години. Очекувајте многу нови проекти за месеците и годините пред нас, не планираме никогаш да застанеме,“ вели гитаристот Никола Стојановски.

Битолската музичка група „Инструментал Бенд“ покрај богата музичка програма на гостите им овозможи уживање за сите сетила. На гламурозната сцена беше монтирана најнова музичка опрема и врвни светлосни ефекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести