49-годишен маж се удави во Охридско Езеро, телото пронајдено на струшкото крајбрежје

На 19.07.2025 година вo 16.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за (49) годишно лице од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести