Мермерен комбинат со намалена добивка

Мермерен комбинат АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварил приходи од 796.724 илјади денари, што претставува намалување за 14,31% споредено со истиот период од минатата година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативните расходи за периодот се повисоки за 5,65% во однос на остварените во истиот период од минатата година.

Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 346.397 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2024 година во износ од 536.976 илјади денари претставува намалување за 35,72%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 30. јуни 2025 година изнесува 413.706 илјади денари, а наспроти остварениот износ од 610.726 илјади денари во истиот период од минатата година покажува намалување за 32,29%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 310.665 илјади денари и претставува намалување од 35,65% споредено со остварената добивка за истиот период од минатата година (30. јуни 2024: 482.537 илјади денари), велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда по акција од 2,40 евра

Фото: Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести