Мажот на возраст од 42 години беше пронајден мртов го убил неговиот брат.
Сомнеж за убиство: Во куќа во Кавадарци пронајден починат 42-годишен маж
Се работи за С.И. (43) од Кавадарци, на кој ОВР Кавадарци му поднесне кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“.
Тој се сомничи дека на 27. јули во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет му нанел повреди на неговиот брат И.И. (42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.
Вчера нивната сестра В.О. (44) во 11 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И., а во 13 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.
Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И..
Неговото тело е дадено на обдукција и вештачење.
Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И.., по што го спровеле во Јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото, информираа од полицијата.
Фото: Унсплеш