Опозициската ДУИ и коалицијата Европски фронт соопштија дека нивни кандидат за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори е пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој е и претседателот на Народно движење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скендер Реџепи Зејд кандидат на ДУИ за градоначалник на Скопје
Кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак е актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Кандидат на опозициската СДСМ е потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, која е поранешна министерка за животна средина и просторно планирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, кои се за Битола, Прилеп, Карпош…
Башким Бакиу, актуелниот директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe е кандидат пак на владејачката коалиција Вреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити за Чаир, Касами за Тетово: Вреди објави 14 кандидати за градоначалници
Бујар Османи кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, кои се кандидатите за Тетово и Желино
Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се