Државниот завод за статистика информираше дека во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 61.785 илјади денари, што е за 70.7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 33.714 илјади денари, што е за 68.2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Фото: Влада