Започна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк

Министерство за образование и наука (МОН) информира дека од денеска, започнува аплицирањето за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година.

Рокот за пријавување за сите студенти е до 5. септември 2025.

„Право на пријавување имаат редовни студенти од прв и втор циклус, како и од интегрирани студии на јавни и приватни универзитети во државата, кои се државјани на Северна Македонија и немаат месечен приход поголем од минималната нето-плата.

Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со задолжително прикачување на пополнета пријава и изјава за точност на податоците. Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно за купување храна, од понеделник до сабота, и не се исплаќа во периодот 1 јули – 1. октомври.

Исплатите ќе се вршат преку Шпаркасе банка, а студентите кои ќе го добијат правото ќе треба да потпишат договор за отворање на посебна сметка со наменска платежна картичка,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести