Директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, која периодов е во фокусот на јавноста, заработи кривична пријава од ОВР Демир Хисар за „одземање или уништување службен печат или спис“.
Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Поради тоа што ги немаше печатите на функција неможеше да стапи ново избраната в.д. директорка, Јасмина Дамчевска. Општината Демир Хисар претходно ја разреши Лозановска.
-Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025 година, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштето во Демир Хисар има две директорки: Која е вистинската?