Познат идентитетот на 20-годишното момче од Охрид и на 52-годишниот битолачанец кои загинаа во сообраќајката на патот Битола-Ресен

Познат е идентитетот на двајцата загинати во сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Битола-Ресен, кај местото Слечиште.

На лице место починал 52-годишниот битолчанец П.К., кој живеел во Германија, а по несреќата во Клиничката болница Битола на повредите им подлегнал и 20-годишниот П.Н. од Охрид, информираа од полицијата.

Тешко повреден е и 19-годишниот сопатникот на починатиот охриѓанец, Д.С., од охридското село Лескоец.

Несреќата се случила откако се судриле возило „опел астра“, управувано од починатиот охриѓанец со охридски регистарски таблици и „мерцедес„ со германски регистарски таблици, управувано од починатиот битолчанец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И 20-годишен охриѓанец почина по сообраќајката на патот Битола-Ресен

52-годишен битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола–Ресен

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести