Алта Банка АД Белград, Србија, преку својот полномошен адвокат во Скопје, на Македонската берза ја објави намерата за целосно преземање на македонската Стопанска банка АД Битола, преку јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алта Гроуп од Белград сака да ја преземе Стопанска банка Битола
Српската банка нуди 3.777 денари по акција.
Од таму информираат и дека Банката со поврзани лица веќе поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска банка Битола и дека веќе е дадено одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Србија.
Обид за преземање на Стопанска банка Битола имаше и лани, од страна на Комерцијална банка АД Скопје, но истото не беше успешно, бидејќи дел од акционерите одлучија да не ги продаваат своите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Алта Гроуп која сака да ја преземе Стопанска банка Битола
Понудата за преземање на Стопанска банка Битола од српската „Алта Груп“ стигна до КЗК