Алта Банка АД Белград, Србија, ја објави намерата за целосно преземање на Стопанска банка АД Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Банката нуди 3.777 денари по акција, а веќе со поврзани лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска банка Битола.
Оваа е втор обид за преземање на Стопанска банка Битола. Лани понуда за преземање имаше и од страна на Комерцијална банка АД Скопје, но истата беше неуспешна, бидејќи дел од акционерите одлучија да не ги продаваат своите акции.
Која е Алта Банка
Во рамки на Алта груп функционираат Алта Банка, институцијата за електронски пари Алта пеј, Алта лизинг и Алта менувачници.
Зад групацијата стои бизнисменот Давор Мацура.
Алта Банка е основана во 1979 година како Јубмес банка.
Во 2020 година по промената на сопственичката структура го смени името во Алта Банка.
Според официјалната страна на Банката сите акции се во сопственост на Алта пеј груп ДОО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Понудата за преземање на Стопанска банка Битола од српската „Алта Груп“ стигна до КЗК
Александра Радевска реизбрана за претседател на УО на Стопанска банка Битола