Утрово во Македонија има еден активен пожар, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во Општина Долнени во селото Долгаец, каде гори мешана шума.
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, каде гори мешана шума и воОпштина Гевгелија на планината Кожуф, каде гори висока шума.
Изгаснати се 24 пожари.
Фото: Игор Бансколиев