Денеска пет активни пожари и пет под контрола

Денеска во Македонија до 12:30 часот има пет активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Кавадарци, во близина на Тиквешко езеро, каде гори нискостеблеста шума и трева, во Општина Старо Нагоричане во селото Магленце, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Штип, на улицата Асном, каде гори ниска вегетација, во Општина Долнени во селото Долгаец, каде гори мешана шума и во Општина Кривогаштани во селото Подвис, каде гори ниска вегетација и стрниште.

Под контрола се исто така пет пожари: во Општина Македонски Брод, во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Гевгелија на планината Кожуф, во Општина Желино во селото Мерово, во Општина Кавадарци во селото Страгово и во селото Мрежичко кај место викано Мушов.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести