Кој го прислушувал и следел Мицкоски?

Информацијата која минатата недела ја соопштија од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека поранешен директор на Агенцијата и група вработени незаконски прислушувале и следеле поранешен лидер на опозиција, обвинител, новинари, но и министер во претходната влада, е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНБ пред еден месец во Обвинителството пријавила незаконско и непрофесионално постапување на поранешен директор и група вработени

До такви наводи во Агенцијата, како што веќе пишуваше еМагазин, дошле по промената на власта, со внатрешна контрола во Агенцијата, направена во периодот од 2019 до 2024 година.

Од таму не соопштија имиња за тоа кој точно бил прислушуван и следен, незаконски, а посочија дека овие наводи се пријавени во Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на АНБ, Димовски тврди дека Мицкоски не бил таргет на Агенцијата, бара да се декласифицираат документите 

Во тој период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски, кој за денеска најави реакција за наводите и Заре Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плусинфо: Незаконски прислушувани и следени биле обвинителката Русковска и новинарите Ландов и Златев

Мицкоски повторно потврди дека бил прислушуван

Онаа што сигурно се знае е дека еден од прислушуваните е актуелниот премиер Христијан Мицкоски, кој за тоа првпат зборуваше јавно во декември минатата година.

Дека бил прислушуван незаконски повтори и вчера, посочувајќи дека тоа го правеле две агенции – Агенцијата за разузнавање и АНБ, кои како што рече користеле државни ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари.

Тие што го прислушувале ги нарече “луѓе полусвет“.

-Едноставно, таков тип на луѓе, јас би ги нарекол „полусвет“. Немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, се занимаваат со туѓите животи, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност кај нивните наредбодавци и ќе напредуваат така во кариерата.

Но, секоја работа има почеток има и свој крај. Очекувам овие „глодари“ да завршат онаму каде што им е местото, зад решетки и еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ваквите агенции и на ресурсите со коишто тие располагаат, рече тој меѓудругото.

Мицкоски го следеле и прислушувале во 2020, 2021 година, но и лани

Мицкоски во декември лани одговарајќи на пратенички прашања во македонското Собрание, првпат информираше дека бил следен и прислушуван додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција.

Следени биле и неговата сопруга и синовите.

Не сподели многу детали, поради како што кажа, сензитивноста, но кажа дека бил физички следен од лице именувано како „Цилиндар“.

Тоа се случувало на почеток во 2020 година, во време на избори.

-Ме следеле под изговор дека параполициско воена вооружена формација, составена од македонски радикални екстремни државјани во предизборие ќе вршат закани за да обезбедат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и нарачател на ова е професор доктор Христијан Мицкоски.

Јас сум тој кој оваа формација ја финансирал и ја формирал, рече тој и посочи дека во институциите за оваа информација постои трага.

-Оваа служело како покритие за сите да бидеме покриени. Истиот извор „Цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски лица на Водно како пешачам, а тие ми презентирале информации кои биле од мој интерес. И двете информации се лажни.

Исто, пред локалните избори во 2021 година, изворот е „Џокер“, кој вели дека во манастирот Свети Јован Бигорски сум имал средби со припадници на ова патриотско друштво за да ја нарушиме безбедноста на Македонија, кажа тогаш премиерот, а подоцна изјави дека бил следен и лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски бил следен и годинава

Кој и зошто го следел Мицкоски, неговата сопруга и синовите, кога беше во опозиција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести