Топ тема во јавноста е пожарот во фабриката „Винчини“ на групацијата „Макпрогрес„ во Виница.
Во пожарот целосно изгоре производствен погон со три линии и два магацини, а имаше и повредени пожарникари и вработени.
Засега не се познати причините за пожарот, а увидот од страна на Основното јавно обвинителство Кочани е во тек.
Менаџментот најави обнова на фабриката и дека ќе се обиде да ги задржи сите, околу 600 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На помош ќе ја има и Стопанската комора, која формира кризен штаб, за да помогне фабриката побрзо да се обнови, а граѓаните на социјалните мрежи покренаа акција да се купуваат производи на „Макпрогрес„, од каде најавија поевтинување на дел од нивните производи за да се зголеми потрошувачката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Менаџментот на „Макпрогрес“: Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа
Која е „Макпрогрес„
Компанијата е основана во 1990 година и важи за една од водечките во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија.
Околу 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во над 60 држави низ светот на неколку континенти.
Компанијата е најголем извозник на кондиторски производи од Македонија.
Групацијата има неколку препознатливи брендови: „Винчини„ – кондиторско-пекарски производи, „Сончева доолина“ – ориз, грав и пченка од кочанско-виничкиот регион, „Натура“ – бренд за здрава храна, „Дониа“ од Прилеп за алва и локум и „Фантазија“ за десертни прашоци.
Примарната дејност на “Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи, како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури.
Асортиманот опфаќа над 300 разновидни производи.
Онаа што треба да се издвои е што компанијата е една од ретките во Македонија која има имплентирано бројни системи за квалитет, кои и овозможуваат да успешно извезува во толку многу земји.
Во фабриката е имплементиран и сертифициран HACCP системот за безбедна храна. Воведен е и сертифициран и системот за менаџмент сo квалитетот – ISO 9001:2008, Халал сертификатот, кој е виза за извоз на кондиторски производи во исламските земји, имплементиран е KOSHER стандардот – стандард за храна за припадниците на еврејската вероисповед, EMAS стандардот за екологија…
Основач е Александар Цветанов, а генерален директор е Глигор Цветанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“
Фото: Макпрогрес