38-годишен работник од Кина загина по удар со кран, во фабрика во Кавадарци

38-годишен работник од Кина загина по удар со кран, во фабрика во Кавадарци.

„На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,“ се вели во соопштението на МВР.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести