(Видео) Со молк, солзи и ѕвездено небо во Скопје се обележаа шест месеци од трагедијата во Кочани

Синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје граѓани обележаа шест месеци од трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Се палеа свеќи, а граѓаните, кои со мобилните телефони направија и ѕвездено небо, можеа и да оставаат пораки за семејствата на загинатите.

Шетте месеци вчера беа обележани со протест и во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кочани се сплоти во тага на шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Настанот во Скопје беше во организација на иницијативата „Кој е следен?“.

Како изгледаше атмосферата во Скопје погледнете во видеото на порталот Скопје 1:

Обвинението за трагедијата се уште не е одобрено од Основниот кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен објаснува зошто се уште не е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани

Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата

Родителите на тапанарот Џоко Ѓоргиев кој загина во пожарот во Кочани за еМагазин: Нема цена за нашето дете, сакаме правда

Видео: Скопје 1/фото: архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести