11 лица од скринингот во Трубарево, упатени на понатамошно лекување на Клиника за пулмологија

Во рамки на скринингот на жителите од Трубарево, вчера на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2.

„Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се  упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија.

Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет,“ информираат од Министерство за здравство.

Скринингот продолжува и денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тимови од Пулмологија ќе прават скрининг на жителите во Трубарево

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести