Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист

Македонијатурист АД Скопје е повторно во фокусот на инвеститорската јавност, откако Управниот одбор (УО) на Друштвото доби нови претседател.

На местото на Горан Ташков од страна на Надзорниот одбор на Друштвото е назначен Ацо Дудулоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Кој е Дудулоски

Дудулоски е сопственик на Современ дом АД Прилеп, еден од поголемите акционери во Македонијатурист.

Друштвото е акционер и во Скопски пазар АД Скопје, најголемиот акционер во Македонијатурист, заедно со ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на Фатмир Етеми.

Кој е Ташков

Ташков повеќе од 12 години беше член на Одборот на директори на Хотели Метропол АД Охрид, а исто толку време менаџираше и со хотелот Александар Палас во Скопје од заменичката и од директорската функција.

Беше и заменик директор на DoubleTree by Hilton во Скопје, генерален менаџер нa ЕРАК Груп и па прв човек на Park Hotel & Spa во Скопје.

Кој друг е во УО

За член на УО на Македонијатурист е избран и Леонид Антиќ од акционерот М.Г. Фешн, а во истиот од претходно е и Маја Николовска од акционерот – Промедика.

Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист

Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист

Промедика купи нови акции на Македонијатурист, сега поседува 11,91% од вкупниот број

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести