Хамас се согласи да ги ослободи последните израелски заложници, но за остатокот од мировниот план на САД ќе преговара

Исламистичката воена група Хамас се согласи да ги ослободи последните израелски заложници, а за остатокот од мировниот план кој го предложи САД, ќе преговара. Групата бара и Палестинците да имаат право на глас во идното управување со Палестина.

Планот меѓудругото предвидува и разорожување на групата, на што Хамас засега се противи.

Американскиот претседател Доналд Трамп по согласноста за ослободување на заложниците го повика Израел да престане со бомбардирањето на окупираниот појас Газа, но Израел продолжи.

И палестинската група Исламски џихад соопшти дека се согласува со ставот на Хамас за планот на Трамп за прекин на огнот во Газа. Изјавата на Хамас, како што посочуваат од таму, го одразува и ставот на другите палестински групи.

Планот предвидува крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас, ослободување и враќање на сите заложници во рок од 72 часа од јавното прифаќање на договорот, дека израелските сили ќе се повлечат на договорените линии за да се подготват за ослободување на заложниците, а откако ќе бидат ослободени сите заложници, Израел ќе ослободи 250 Палестинци кои отслужуваат доживотна казна затвор и 1.700 жители на Газа кои се притворени од почетокот на војната на 7. октомври 2023 година.

Според планот, Појасот Газа би бил ставен под контрола на меѓународно тело, предводено од Трамп, а во кое би бил вклучен и поранешниот британски премиер Тони Блер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп предложи план за прекин на огнот во Газа, Хамас не го бендиса

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести