Македонскиот државјанин кој бил пронајден мртов на улица во центарот на Љубљана, Словенија, во четвртокот е од Кочани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму информираа дека мажот чии идентитет се уште не е познат бил роден во 1986 година, неговите блиски се известени, а случајот го разгледувал Секторот за криминалистичка полиција.
Македонската амбасада во Словенија, како што велат од МНР, била во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.
Словенечки медиуми неофицијално објавија дека Македонецот бил претепан до смрт, но за таа информација нема потврда од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Стојче Ѓоргиев е Македонецот кој беше пронајден мртов во Љубљана