25-годишник загина во сообраќајка на патот Кичево-Охрид

Момче на возраст од 25 години загина вчера по сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Се работи за Е.Б. од кичевското село Грешница, кој како што информираа од ОВР Кичево, по несреќата бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.

Несреќата се случила помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од струшкото село Дрслајца и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б. (50) од Грешница, кичевско, во кое момчето било сопатник.

Телото на момчето е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести