На 67-годишна возраст почина Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци во два мандати и пратеник во два наврати во македонското Собрание.

Градоначалник на Општина Кавадарци беше во периодот од 2000 до 2009 година, а пратеник од 1990 до 1998 година и од 2016 до 2024 година.

Минов е роден во 1958 година во Кавадарци, а дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, како и на Правниот факултет во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починатиот Панчо Минов бил носител на независна листа за локалните избори

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести