Дисконтот Pepco ќе отвори продавници во Скопје во средината на следната година

Еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда, Pepco, ќе ги отвори своите први продавници во Македонија во средината на следната година, најавија од таму.

Првите продавници на брендот, присутен во 18 земји, (меѓу кои и Хрватска, Словенија, Бугарија и Грција), ќе бидат отворени во Скопје.

Брендот нуди производи за домот и гардеробата по поволни цени цени, од декор и кујнски основи до детска облека и облека за возрасни.

Pepco управува со самопослужни продавници со просечен продажен простор од 500 м², и во големи и во средни градови.

Повеќе информации може да најдете на официјалниот веб-сајт – pepco.mk.

Фото: Pepco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести