Анализата на порталот Пари, направена според податоци на Бизнис Мрежа, покажува дека 10 компании од млечната индустрија во Македонија лани имале вкупен приход од 130,3 милиони евра и добивка од 6,7 милиони евра.
Истите вработуваат 940 лица.

Млекара АД Битола според анализата е лидер во сите три категории: приход, добивка и број на вработени. Таа лани имала добивка од 2,6 милиони евра и приходи од 48,2 милиони евра.

Фото: Унсплеш/Илустрација: Пари