20-годишно момче осомничено за убиството на Македонецот Стојче Горгиев во Љубљана

Словенечките медиуми објавија дека 20-годишно момче од Љубљана, Словенија, е осомничен за убиството на Македонецот Стојче Горгиев од кочанското село Грдовциво.

Според локалните медиуми осомничениот е во притвор, а сам со својот татко се пријавил во полиција, каде рекол дека претепал некого во центарот на Љубљана. Тренирал бокс и фудбал.

Тој се сомничи дека на 2. октомври во центарот на Љубљана со најмалку 10 удари го усмртил Горгиев, кој беше пронајден во кома на улица од таксист, по што почина во болница.

Мотивот засега не е познат.

Горгиев 17 години работел како градежен работник во Словенија и живеел со брат му.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Стојче Ѓоргиев е Македонецот кој беше пронајден мртов во Љубљана

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести