(Видео) Филмски грабеж на златара во Гостивар, ограбувачите со бодликави жици ги блокирале улиците за да побегнат од полицијата

Во Гостивар синоќа беше ограбена златара во близина на малиот пазар, а грабежот ги има сите елементи на филмско сценарио.

Во грабежот како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово учестувале четири маскирани лица кои користеле автоматско оружје.

Потоа побегнале со возило „бмв” без регистарски таблички, кое подоцна е најдено запалено кон планинскиот премин Стража, на свртувањето кон Маврово.

Не е познато колку пари и злато украле, а при бегството фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на градот за да го отежнат движењето на полициските екипи.

Тие засега не се пронајдени.

Видео: Pa-Censure/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести